top of page

Надал: Смешно е, се повредив со тениски рекет, но…


Рафаел Надал направи пресврт и успешно го мина Фабио Фоњини на последниот грен слем во оваа календарска година Ју-Ес Опен.

Шпанецот имаше проблеми во првиот сет и истиот го загуби со 6-2, но потоа се разбуди и со 6:4, 6:2 и 6:1 дојде до 1/16 финалето во кое силите ќе ги одмери со Ришар Гаске. Надал во завршниот сет се соочи и со еден неочекуван проблем откако самиот си го раскрвари носот со рекетот.

-Добро сум. Мислам беше болно, но сега е добро. Се повредив со тениски рекет, смешно е, -рече Рафа кој потоа говореше и за самиот меч.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page