Search
Надал работи за да се врати на терените
Рафаел Надал веќе некое време не е активен на терените, а причината за тоа е повредата која ја заработи на првиот грен слем во оваа календарска година Австралија Опен.
Кога Шпанецот би можел да им се врати на оние вистински активности и да биде подготвен за настап на турнирите се уште не е познато, но позитивно е тоа што одработува некои вежби, тренинзи и тоа на земја.
Во моментов тој работи во полесен ритам, потези, движења кои физички не се толку напорни, тешки и ризични, односно закрепкувањето се уште е во тек. Неговиот кам-бек треба да биде во сезоната на земја, а медиумите шпекулираат дека прв термин, можност за настап на турнир би бил оној во Монте Карло на почетокот на месец април.
Comments