Надал пред дуелот со Кирјос: Не го гледам како непријател, понекогаш…
- Aleksandar Santovski
- Mar 17, 2022
- 1 min read
Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал го победи Рајли Опелка на Мастерсот во Индијан Велс, но време за одмор нема затоа што оваа вечер му престои нов предизвик, борба за полуфиналето со Ник Кирјос.
Ова е дуел кој привлекува внимание затоа што овие двајца секогаш знаеле да одиграа интересни мечеви (Надал води со 5-3 во меѓусебнте дуели), но во исто време Кирјос знаел и да го провоцира Шпанецот и затоа се очекува да биде занимливо во Калифорнија.
-Никогаш не сум имал нешто против Ник. Понекогаш правеше работи што не беа исправни, но тоа е се. Имаме добри односи некое време. Не го гледам како непријател или лошо момче. Понекогаш некои работи се случуваат на теренот, но јас сум еден од оние момци кои брзо забораваат на се. Не сакам проблеми, се трудам да имам коректен однос со сите бидејќи животот така е многу посреќен, -истакна Надал кој призна дека и понатаму има одредени проблеми со стапалото.
-Сакам да играм овде. Моето стопало засега добро се држи, но вистина е дека понекогаш ме боли и за време на натпреварите. Тешко е да се скрие, но не е ништо ново. Некои денови се подобри, некои полоши, но ако требаше да потпишам пред три месеци дека сега ќе ми биде полошо отколку што е, тоа ќе го направев без никаков сомнеж, -порача Рафа кој во оваа календарска година има учинок 18-0.

Comments