Надал прв во Акапулко, Медведев на врвот на АТП-листата
28.02.2022 Februari Ponedelnik
ТЕНИС
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал триумфира на турнирот во Акапулко (Мексико) без загубен сет. Во финалето тој го совлада Британецот Камерон Нори, со 6-4, 6-4. Оваа победа му донесе скок на АТП-листата, па од денеска ќе биде на четвртото место. За Надал ова е 91-та титула во кариерата и продолжи да му се доближува до Иван Лендл (94 трофеи), Роже Федерер (103) и Џими Конорс (109). Со елиминацијата од Чехот Јиржи Весели во четврт-финалето на турнирот во Дубаи, Србинот Новак Ѓоковиќ не е повеќе на врвот на АТП-листата по вкупно 362 недели на првото место, што претставува рекорд. Него ќе го замени Русинот Данил Медведев, кој по 18 години стана првиот тенисер што е на врвот на АТП-листата, а да не е некој од т.н. голема четворка, Ѓоковиќ, Надал, Федерер и Енди Мареј. Русинот Андреј Рубљов ја освои титулата на турнирот АТП 500 во Дубаи, победувајќи го Весели со 6-3, 6-4.
Comments