Надал: Поразот во финалето е она што најмалку ме загрижува
- Aleksandar Santovski
- Mar 21, 2022
- 1 min read
21.03.2022 Mart Ponedelnik
Рафаел Надал го претрпе првиот пораз во 2022-ра година во големото финале на Индијан Велс, епилог по кој стана јасно дека победничката серија на Шпанецот застанува на бројот 20. Најдобриот старт на една сезона во кариерата за Рафа ќе гласи 20:0, откако рано утрово не успеа да стигне до 21-та победа од почетокот на сезоната и четвртиот трофеј. Тејлор Фриц се покажа како непремостлива пречка во финалето во калифорниската пустина, но Рафа вели дека поразот најлесно го прифатил после сето она што го почувствува на теренот. Рафа имаше здравствени потешкотии, па иако се бореше, на крајот загуби со 6:3 и 7:6. – Имав проблеми со дишењето, но тоа не беше единствениот. Не знам што точно е во прашање. Кога се движев, чувствував како да имам кнедла во грлото, но чувствував и болка во ребрата. Многу повеќе ме загрижува тој проблем, откако самиот пораз. Поразот го прифатив експресно. – Како и да е, честитики за Фриц, тој ја заслужи титулата после тоа што го прикажа во изминатите две недели. Дадов се од себе и жалам што останав без трофејот, – изјави Надал.

コメント