top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Надал победи син на тениска легенда на стартот на турнирот во Баштад

17.07.2024 Juli Sreda

Рафаел Надал реши да игра на турнирот во Баштад како дел од подготовките за настап на Олимписките игри во Париз, а денеска триумфално го комплетираше настапот во првото коло во сингл конкуренција.

Шпанецот победи со 2:0 во дуелот со Лео Борг, синот на легендарниот Бјорн Борг и најави дека е на добар пат да ги реализира своите амбиции во пресрет на настапот на ОИ, каде тенискиот турнир ќе се игра на терените на Ролан Гарос.

Надал останал на теренот 86 минути пред да го совлада 21-годишниот Швеѓанец со 6:3/6:4 и веќе може да размислува за следната рунда, во која ќе се сретне со петтиот носител, Британецот Камерон Нори.

Рафа последен пат играше во Баштад во 2005 година и тогаш го освои трофејот. Годинава игра и во дубл конкуренција и тоа заедно со Каспер Руд, со кого веќе оствари една победа и утре ги очекува следната рунда.

Тенискиот турнир на ОИ започнува на 27. јули.


4 views

Comments


bottom of page