top of page

Надал незадоволен од одлуката на АТП: Треба да го заштитиме нашиот спорт

Александер Зверев на крајот мина само со парична казна и условна суспензија која ќе се активира ако приреди нов голем испад на АТП турот, одлука која наиде на доста критики во јавноста од страна на тенисерите и тенисерките, но и експертите.

Серена Вилијамс и Крис Еверт го кренаа гласот и ја нарекоа смешна „казната“ за Зверев по неговото дивеење во Акапулко, па пред својот прв настап на Индијан Велс, со нова изјава на оваа тема се јави Рафаел Надал.

Шпанецот и натаму има измешани емоции и поделено мислење, но потенцира дека за спортот ќе било многу подобро ако Германецот добиеше пожестока казна.

– Не се чувствувам комотно кога зборувам за ова. Навистина сум поделен. Имам добар однос со Саша и нависитна го почитувам, но тој самиот знае дека погреши и брзо го призна тоа. Тоа е навистина позитивно, но од друга страна, треба на поинаков начин да ги контролираме овие работи.

– Мора да се казнуваат пожестоко вакви ситуации, ако не се прави тоа, играчите добиваат чувство на неказнивост. Не зборувам само за Саша, зборувам генерално. Ние спортистите треба да бидеме пример за младите. Затоа, од една страна не сакам да го казнат Саша, но од друга и пореална, ќе беше подобро ако добиеше пожестока казна за своето однесување. На тој начин ќе го заштитиме нашиот спорт, ќе ги заштитиме судиите и сите присутни на еден тениски меч, – вели Надал.


 
 
 

Comments


bottom of page