top of page

Надал на принудна пауза, ќе пропушти дел од омилените турнири

Рафаел Надал ќе мора да паузира подолг период поради повредата на која се пожали во завршницата на Индијан Велс.

Шпанецот го загуби финалето од Тејлор Фриц и притоа се жалеше на потешкотии во дишењето и вртоглавица, а причина била повредата заработена во полуфиналниот дуел со Карлос Алкарас.

Лекарите дијагностицирале стрест фрактура на реброто, што и беше очекувано со оглед на симптомите на кои се пожали тенисерот.

Не само што ќе го пропушти Мастерсот во Мајами, туку Надал веројатно нема да може да настапува на турнирите во Монте Карло и Барселона, на кои има многу трофеи.

Надал ќе ја темпира формата за Ролан Гарос, кој започнува за два месеца, а на кој Шпанецот ќе може да брка 22. грен-слем титула.


 
 
 

Comments


bottom of page