Надал му одговори на Шаповалов: Тешко се прифаќа поразот, ќе сфати дека погреши
25.01.2022 januari Vtornik
Рафаел Надал преживеа многу тешки моменти во четвртиот и петиот сет на мечот со Денис Шаповалов, но најтензичната ситуација се случи на стартот на вториот сет, кога младиот Канаѓанец имаше замерки за односот на Шпанецот.
Шаповалов се побуни кај судијата Бернардес и побара да му додели опомена на Рафа поради задоцнетото враќање на теренот по крајот на првиот сет, комуникација при која Канаѓанецот порача дека судиите стануваат корумпирани за да му бидат од корист на Шпанецот.
Надал ја смируваше тензијата и имаше краток разговор со Шаповалов пред стартот на вториот гејм во вториот сет, но не пропушти да му одговори на помладиот колега за поплаките кои тој ги оцени како непотребни.
– Знам дека земав малку повеќе време по крајот нап рвиот сет. По секој сет, добивате малку повеќе време за одмор и јас земав некои 30 секунди. Судијата постапи коректно, а јас ги почитував правилата и не ги прекршив.
– Шаповалов погреши што протестираше, постои правило „тоалет пауза“ и јас се држам до правилата. Не добивам посебен третман на теренот од никој, тоа не ми е потребно. Не смеат да постојат предности за најголемите тенисери. Сфаќам дека тешко се прифаќа поразот и сега е фрустриран. Тој е млад и сите правиме грешки, со текот на времето ќе сфати дека погреши. Нема да влегувам во полемики со него, правилата се исти за сите. Погреши со тоа што го кажа и нема да му забележам бидејќи знам дека е добро момче, – изјави Надал на пресот.
Comentarios