top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Надал: Мојата игра беше разочарувачка, знам дека имам правилен став, ама…

Рафаел Надал не се прослави на првиот меч на завршниот турнир во Торино каде во два сета загуби од Тејлор Фриц.

Американецот славеше со 7:6 и 6:1 што е потврда дека Шпанецот во овој момент е далеку од својата најдобра форма.

-Мислам дека првиот сет беше солиден, но Тејлор имаше неверојатен меч. Мојата игра во вториот сет беше разочарувачка. Мојот сервис функционираше добро во првиот сет, но имав тежок противник на спротивната страна, во овој меч секој детал правеше разлика. Тие беа на страната на тенисерот кој имаше поголема самодоверба.

-Враќањето на теренот по неколку натпревари не е идеално сценарио. Кога ќе се вратам од повреда ми требаат победи за да си ја вратам самодовербата. Но, кога играте против најдобрите, тогаш работите се комплицираат. Ова не е идеален турнир каде што треба да ја вратам самодовербата. Но, морам да го прифатам тоа и да продолжам да работам. Настапот на тренинзите беше многу подобар отколку на натпреварот. Знам дека имам правилен став, но не го покажувам потребното ниво на натпреварите, -истакна Надал и додаде:

-Знам дека тоа што ми се случува е нормално по се што се случи во последните пет месеци, но тоа не ме спречува да бидам разочаран. Сè се случи брзо денес. Во повеќето поени тој напаѓаше, а јас бранев. Ми недостигаа брзина на нозете и ментална сила. Играше на одлично ниво и ме стави под притисок, -порача Шпанецот кој за следен ривал го има Феликс Оже-Алијасим.

-Кој ќе изгуби, тој е елиминиран. Се надевам дека ќе бидам подготвен за овој голем предизвик, -рече освојуваот на 22 грен слем трофеи.


2 views

Kommentare


bottom of page