Search
Надал има зацртан план, познато е кога се враќа на терените
- Aleksandar Santovski
- Apr 12, 2022
- 1 min read
Рафаел Надал веќе некое време не е активен, а причината за тоа е фрактура на реброто, повреда поради која не можеше да го даде максимумот и го загуби финалето на Индијан Велс од Тејлор Фриц.
Поради ова Шпанецот нема да може да игра на дел од омилените турнири на земја, но ќе има простор и време да се спреми за големиот предизвик и битката на Ролан Гарос. Според „Марка“ поранешниот светски рекет број еден планира да се врати на турнирот во Мадрид кој започнува на 4 мај.
Рафа би требало да биде спремен за Мастерсот во шпанската престолнина за да потоа биде активен и во Рим за да може да влезе во ритам и форма за грен слемот во Париз кој се игра од 22 мај до 5 јуни.

Comments