top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Надал и Новак без проблеми, Алкарас освои нестварен поен и се врати од „мртвите“

Четвртиот натпреварувачки ден на Ролан Гарос донесе огромна возбуда и воглавно победи на главните фаворити, но два триумфи беа остварени на навистина тежок начин.

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал немаа никакви проблеми и со максимални 3:0 се пласираа во третата рунда на Френч Опен, но затоа Александер Зверев и Карлос Алкарас се намачија и одиграа пет сета.

Двајцата спасуваа меч топки за да се најдат во следната рунда, но сепак далеку подраматично беше враќање на Карлос Алкарас кој беше практично отпишан во два наврати.

Шпанецот кој има 19 години спасуваше меч топка при 4:5 против Алберт Рамос Виносал во четвртиот сет, за потоа да го добие истиот во тајбрејкот. Потоа, одлучувачкиот сет го започна со негатива од 3:0, но извонредно се врати, односно направи брејк со еден нестварен поен кој беше најава за пресвртот.

Алкарас ја стана на нозе публиката во Париз и само потврди дека знае да се носи и со тешки ситуации на теренот и дека е подготвен да страда за да стигне до победа. Победа од 3:2 оствари и Зверев над Баез по негативата од 2:0, додека Ноле и Рафа завршија рутински.

Србинот го надигра Молчан со 6:2, 6:3 и 7:6, додека Надал беше подобар од Муте со 6:3, 6:1 и 6:4.


1 view

Commentaires


bottom of page