top of page
Search

Надал и Алкарас преку три сета до четвртфинале во Париз

30.07.2024 Juli Vtornik

Шпанската комбинација, Рафаел Надал и Карлос Алкарас обезбеди место во четвртфиналето во игра на двојки на Летните Олимписки Игри во Париз.

Надал и Алкарас се изборија за триумф против Холанѓаните, Талон Грикспор и Весли Холхоф со 2-1 во сетови. Фаворитите наидоа на жесток отпор, а најдобра потврда за тоа е што мечот траеше скоро два ипол часа.

Првиот сет им припадна на Шпанците со 6-4, додека во вториот се играше изедначено со што се дојде до тај-брејк во кој Талон и Весли беа подобри, пофокусирани и со 7-2 го однесоа дуелот во трет „период“.

Во решавачкиот дел Рафа и Карлос ја покажаа својата класа и со 10-2 го потврдија триумфот кој во наредната фаза ги носи на четвртите носители Остин Крајичек и Раџев Рам.


1 view

Comments


bottom of page