Надал закажа пресметка со скопјанецот Козлов: Ранкингот нема никакво значење во тенисот
Рајли Опелка го откажа учеството во Акапулко во последен момент, па така Рафаел Надал рано утрово ги одмери силите со Денис Кудла и без никаков проблем ја мина првата пречка во Мексико.
Освојувачот на Австралија Опен славеше лесно со 6:3 и 6:2, а иако на почетокот имаше навистина тежок ждреб, истиот сега се исчисти и во второто коло одново ќе игра со „лаки лузер“.
Стефан Козлов вчера го елиминираше фаворитот Григор Димитров и најава потенцијалната пресметка со Надал, но откако истата се потврди со победата на Рафа, тенисерот кој е роден во Скопје беше коментиран и од прославениот шпански тенисер.
Козлов вчера му се извини на Надал поради тоа што неговиот меч се оддолжи и го одложи тренингот на Шпанецот, па сега останува да видиме како Стефан ќе се покаже на теренот против тенисерот кој има освоено 21 грен слем.
– Ждребот секогаш носи свои непознати. Постои ранкинг на еден тенисер, но потоа следи нивото на играта кое ќе се прикаже на еден меч. Ранкингот нема никакво математичко значење во тенисот. 100-от тенисер на светот еден ден може да одигра како 20-ти во светот, а 10-от може да одигра како 80-от. Јас како петти тенисер, можам да изиграм како број еден, или како 20-ти тенисер, зависи од денот. На почетокот, ждребот за мене беше тежок и не знам дали може да се говори за среќа. Се случија неколку неочекувани работи, но Димитров загуби од Козлов и тоа значи дека мора да го анализирам и да се пресметам со него, – изјави Надал за тенисерот роден во Скопје, има руско потекло, а ја претставува Америка.
Comments