top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Надал закажа мега дерби со Ѓоковиќ во Париз

29.07.2024 Juli Ponedelnik

Рафаел Надал е ривалот на Новак Ѓоковиќ во рамките на второто коло на Летните Олимписки Игри кои се одржуваат во Париз.

Шпанецот иако беше неизвесен одлучи да игра и во сингл, па во денешната пресметка го совлада Мартон Фучович со 2-1 во сетови.

Иако ова беше далеку од најдобриот тенис на бикот од Мајорка, тој дојде до триумф со 6-1, 4-6 и 6-4 по два ипол часа игра и со тоа закажа тениски спектакл затоа што ќе се соочи со првиот носител Ѓоковиќ.

Ова ќе биде 60. меч меѓу големите ривали, Србинот води со 30:29, но Рафа на земја има предност од 20-8.

Само за потсетување Надал игра и во двојки каде со Карлос Алкарас успешно ја минаа првата пречка.


7 views

Comments


bottom of page