Надал за новиот рекорд: Не знаев за тоа, драго ми е…
- Aleksandar Santovski
- Mar 16, 2022
- 1 min read
15.03.2022 Mart Vtornik
Рафал Надал ја продолжи својата серија на победи и во пресметката со Даниел Еванс кого го совлада со 2-0 во сетови (7-5, 6-3) со што обезбеди пласман во осминафиналето на Индијан Велс каде ќе ги одмери силите со Рајли Опелка.
Ова за Шпанецот беше 17 триумф во низа во 2022 година (17-0), но и воедно 400. победа на Мастерс турнирите од серијата 1000 што секако е рекорд, податок кој интересно не го знаел.
-Не ја знаев таа информација, мило ми е поради тоа. Не почнав како што сакав, но погодував во важните моменти, одиграв подобро и дојдов до победата. Генерално сум задоволен од тоа како играв, знам дека противникот е добар, морав да бидам подготвен за тоа, -рече Надал кој направи споредба на претходниот меч со Себастијан Корда на кого мораше да направи голем пресврт за да мине во наредната рунда.
-Мислам дека се подобрив во однос на претходниот натпревар. Мојот форхенд функционираше подобро, имаше многу повеќе винери. Ја поправив играта. Утре имам слободен ден и ќе се обидам да бидам максимално подготвен за следниот натпревар, -порача бикот од Мајорка.

Comments