top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Надал е среќен поради Ѓоковиќ: Тоа е најдобра вест…

Рафаел Надал со победа над Каспер Руд од 2-0 го заврши настапот на АТП Мастерсот во Торино.

Големиот шампион не беше во посакувана форма на турнирот и поради тоа не обезбеди место во полуфиналето, но триумфот над Руд е потврда дека борецот ќе може да ги надмине сите проблеми, препреки и да го гледаме на високо ниво во 2023 година.

Во првиот месец од наредната година стандардно се игра Австралија Опен, турнир на кој како што стојат работите одново ќе можеме да го гледаме Новак Ѓоковиќ. Ѓоковиќ ќе добие зелено светло, вест на која и се израдува и Шпанецот без разлика на ривалството меѓу нив двајца.

-Секогаш сум го велел истото, тенисот е подобар кога најдобрите играчи се на теренот. На крајот на краиштата, не треба многу да правиме приказна. Иако минатата година настана вистински хаос поради се што се случуваше во Австралија, тоа не беше добро за нашиот спорт. Тоа сега е во минатото. Рожер повеќе не игра. Јас пропуштав грен слемовите поради повреди. Новак минатата година не беше во Австралија. Тоа е минато. Најдобрата можна вест е дека Новак ќе може да игра. Среќен сум за него, за турнирот, за навивачите. Тоа е се, -порача бикот од Мајорка.


2 views

コメント


bottom of page