top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Надал го изанализира финалето на Вимблдон: Ѓоковиќ се одлучи за самоубиствена тактика

16.07.2024 Juli Vtornik

Тони Надал редовно прави колумни за најважните мечеви во светскиот тенис, па и овојпат не потфрли во своето обраќање за „Ел Паис“, преку кое се обиде да објасни каде седумкратниот шампион Новак Ѓоковиќ го загуби дуелот со Карлос Алкарас.

Шпанецот демонстрираше сила и моќ за време на сончевото неделно попладне во Лондон, а иако Тони Надал има само пофални зборови за тенискиот рецитал кој го испорача неговиот сонародник, не пропушти да нагласи и дека Ноле не бил на свое ниво и дека целосно ја утнал тактиката за финалето.

– Нова титула за Алкарас на Вимблдон, четврта на грен слем турнирите. Има само 21 година и веќе ова ни е добар знак што може Карлос да постигне во иднина. Тој одржа извонреден тениски рецитал во неделното попладне и уште еднаш покажа дека ги исполнува ссите услови за да биде еден од најголемите во историјата. Ако технички не може да му се воочи некоја слабост, физички е најбрзиот играч кој сум го видел на теренот. Можат да го победат само најкомплетни тенисери во светот, и тоа само ако имаат свој ден. Овојпат беше непоколеблив во текот на целиот турнир и го совлада Ѓоковиќ со брзина и цврстина. Беше супериорен во секој момент и од почетокот на мечот ова изгледаше како невозможна мисија за Ноле.

– Алкарас имаше мал пад само при 5:4 и 40:0 во третиот сет. Но, Ноле во ниеден момент не остави впечаток дека може да му наштети на ривалот. На неговите удари им недостасуваше прецизност и сила, неопходна да се демонтира еден ривал.

– Пред финалето пишав дека Новак и неговиот тим ќе имаат дилема. Одлуката е следна: Како да му се пристапи на противникот, со своето вообичаено оружје, или со обид да се неутрализираат оружјата на противникот. Јас секогаш сум се одлучувал за ова првото, особено во финале. Ѓоковиќ се определи за втората алтернатива, се обиде да го неутрализира Алкарас, знаејќи деека ниту нозете, ниту прецизноста не му беа сојузници. Знаеше и дека физички меч не му оди во прилог, па почна да применува тактика која се покажа како самоубиствена. Сакаше да игра агресивно и да ги крати размените од основата линија, по што најчесто ги завршуваше поените на мрежа. Тоа беше самоубиствено, – анализира Тони Надал.

Фактите кои ги испорачува Тони навистина „држат вода“, бидејќи Ноле излезе на мрежа дури 35 пати во неделното финале, но освои само 16 поени (46 проценти).


3 views

コメント


bottom of page