Надал ги загрижи фановите: Фрустрирачки е кога живеете со хронична повреда
Updated: May 16, 2022
16.05.2022 Maj Ponedelnik
Рафаел Надал одигра одличен прв сет против Денис Шаповалов, но на крајот го загуби мечот во Рим и остана без можност да се бори за трофејот на Мастерсот во италијанската престолнина.
Шпанецот по мечот истакнал дека не се работи за некоја нова повреда, туку хроничен проблем кој го има со стапалото и кој му создава сериозни проблеми.
– Почнав да чувствувам болка среде вториот сет и подоцна стана неиздржлива.
– Тоа е болка која се појавува и ја снемува. Некогаш е посилна, а денес беше лудо. Можеби за два дена ќе биде подобро, не можам ништо да предвидам, – изјавил Надал.
– Не сум повреден, едноставно јас сум тенисер кој постојано живее со оваа повреда. Ова не е ништо ново, но делува фрустрирачки кога не можете да тренирате неколку дена. Мора да ја прифатам ситуацијата и да се борам, – вели шпанскиот тенисер за кого ова е најрана елиминација во Рим уште од 2008 година.
Comments