Наградите за Џони Деп се навредливи, тврдат добротворни организации
Updated: Aug 13, 2021
12.08.2021 Avgust Cetvrtok
Водечки добротворни организации против насилство врз жени и семејно насилство упатија остри критики кон два големи европски филмски фестивала затоа што одлучиле да му оддадат почест на Џони Деп на нивните претстојни настани. Деп, кој минатата година ја загуби тужбата за клевета за напис во весник каде беше наречен „тепач на жена“, ќе биде награден на филмскиот фестивал во Карлови Вари подоцна овој месец. Американскиот актер и режисер, исто така, треба да ја добие наградата „Доностија“ на филмскиот фестивал во Сан Себастијан, Шпанија, во септември. Федерацијата за помош на жените соопшти дека ова е непочитување кон жртвите на семејно насилство. Solace Women’s Aid, друга добротворна организација и една од членките на Федерацијата за помош на жените, претстојните награди за актерот ги нарече „погрешни и навредливи“. Филмскиот фестивал во Сан Себастијан, крајбрежен град во северна Шпанија, во понеделникот објави дека Деп ќе прими „највисока почесна награда“ на 22 септември.
Comments