top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Награди за македонските спортски филмови на фестивалот во Златибор

Филмот „Среќна тринаесетка“ за легендарниот македонски кошаркар Благоја Георгиевски – Буштур е награден за најдобра режија на 12. по ред, меѓународен фестивал за спортски филм во Златибор.

„Среќна тринаесетка“ е продуциран од страна на Македонската телевизија, а доби една од главните награди со одлука на жири комисијта, составена од еминентни познавачи на филмот и на спортот, меѓу одбраните 45 дела што беа во финалната селекција на фестивалот.

Режисерот Тони Ристовски креираше еден филмски запис кој ќе остане засекогаш врежан во меморијата на сите почитувачи на македонскиот спорт, не само во нашата земја, туку и пошироко.

А дека Македонија има со што да се пртстави и во светот на филмот, сведочи и уште една награда, која жирито на Златибор ја даде за „Патот на кобрата до ѕвездите“ посветен на уште една наша легенда, Дарко Панчев.

Филмот кој го снимаше и продуцираше Спорт Клуб ТВ, Спорт Нетворк од Србија и Спортско радио 90,3 ФМ од Скопје, ја освои наградата „Најдобар филм за личност од спортот“.




3 views

Comentarios


bottom of page