Наградата за најдобар актер на „Борини позоришни дани“ повторно во рацете на Никола Ристановски
- Aleksandar Santovski
- Oct 30, 2023
- 1 min read
Наградата „Борисав Станковиќ“ на 43. интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“ за најдобра машка улога му се доделува на Никола Ристановски за ликот на д-р Томас Стокман во претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонскиот народен театар – Скопје. Одлуката ја донесе жири-комисијата, во која членуваа: Катерина Коцевска, актерка од Скопје, Душан Петровиќ, режисер и професор на ФДУ во Белград, и Давор Шпишиќ, драматург и сценарист од Загреб. Како што стои во образложението од комисијата: „Никола Ристановски во улогата на д-р Томас Стокман рискантно и дрско го спојува неспоивото: најдрската превртливост и пеливанската балканска итрина. Игра човек кој како денешниот слеп Едип незапирливо ја напаѓа општествената неправда и тврдоглаво истрајува во битките за правда до работ на Бекетовите кловнови, отфрлен од сите и упорен во тоа“.



Comments