top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Награда од ФФМ за одличниот настап: Фудбалерите ќе добијат премија за „петардата“ против Ерменија

Македонската А фудбалска репрезентација оствари убедлива победа над Ерменија од 5-0 во последното гостување од квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2022 година.

Со овој триумф како и со резултатот од Букурешт (Романија-Исланд 0-0) ние го преземавме второто место во групата и во тоа се ставивме во пол-позиција да дојдеме до баражот за пласман на мундијалот. Ако во недела го победиме Исланд тогаш го продолжуваме сонот за СП, па пред овој натпревар ФФМ се одлучи да ги награди, мотивира играчите со премија.

Имено првиот човек на федерацијата Муамед Сејдини заедно со Управниот одбор донеле одлука за исплата на парична награда за сите инволирани во сениорската репрезентација.

-Управниот одбор и претседателот Сејдини го ценат успехот и на овој начин продолжуваат да даваат признание и да влијаат позитивно на понатамошната атмосферата во репрезентацијата. Овие резултати не се случајни, туку плод на повеќегодишна работа и стратегија. Среќни сме што на големите успеси со пласмани на Европско Првенство со репрезентацијата до 21 година и А репрезентација, сме блиску да додадеме и пласман во бараж за Светско првенство. Ова се многу значајни моменти за македонскиот фудбал, имаме нова шанса за историски резултат и се разбира дека ќе дадеме сѐ од себе за да ја искористиме.

-Фудбалерите и стручниот штаб на секој следен натпревар ја потврдуваат својата големина и навистина ни е драго што федерацијата тоа го вреднува и на ваков начин, иако за оваа репрезентативна група тоа никогаш не било најважно. За нас е значајно што имаме шанса за прв пат да се пласираме на Светско првенство, а уште повеќе што македонската репрезентација ја обединува целата држава, -изјави директорот на А репрезентацијата на Македонија, Дени Масев.


1 view

Comments


bottom of page