top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Награда за Кевин Спејси во Италија

Кевин Спејси ќе одржи мастерклас и ќе добие награда за животно дело во Националниот филмски музеј во Италија, пишува „Дедлајн“.

Италијанскиот национален филмски музеј во Торино објави дека Кевин Спејси ќе учествува на мастеркласот отворен за јавноста, при што ќе добие и награда за животно дело.

Двократниот оскаровец ќе одржи мастерклас на 16 јануари следната година, заедно со директорот на музејот Доменик де Гаетано, по што ќе се прикаже проекција на еден од филмовите на Спејси.

На крајот од мастеркласот, Спејси ќе ја добие наградата „Стела дела моле“.

– Почестени сме што истакнат гостин како Кевин Спејси ги избра Торино и нашиот музеј за ова добредојде и долгоочекуваното враќање – изјавија од музејот.

Последните години, по обвинувањата за сексуална злоупотреба, Спејси беше главно во сенка, не се појавуваше во јавноста, освен на судења, а изгуби и некои улоги, пред сѐ улогата на Френк Андервуд во хит-серијата „Куќа од карти“, а потоа во филмот „Сите пари на светот“. Минатиот месец тој беше прогласен за невин во тужбата што против него ја поднесе Ентони Рап.


1 view

Comments


bottom of page