Нагелсман не е задоволен од ждрепката во ЛШ: Не добивме награда за тоа што го направивме
Судбината посака повторно да се вкрстат патиштата на Баерн Минхен и ПСЖ во една елиминациска рунда во Лигата на шампионите, но со оглед на квалитетот на двата тима, овие две пресметки ќе дојдат многу рано.
Баерн го победи ПСЖ во големото финале во 2020-та година, „светците“ се реваншираа во четвртфиналето една година подоцна, а сега повторно ќе се судрат во осминафиналето на најелитното натпреварување.
Баварскиот великан издоминира во својата група и запиша шест победи на шест меча во групата во која беа и Интер и Барселона, но тоа не му донесе полесен ривал во наредната фаза.
– ПСЖ е нависитна тежок противник. Веќе имавме тешки противници уште во групната фаза, но за жал не бевме наградени за тоа што го направивме досега.
– Не добивме полесен противник со тоа што завршивме први. Ние не сме воодушевени од ждрепката, но сигурно не се импресионира и во Париз. Ќе гледаме две возбудливи пресметки меѓу два израмнети тима, но има време дотогаш, – изјави Нагелсман.
Comments