top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Нагелсман искрено: Не знам дали ќе бидам селектор на Германија по ЕП

09.02.2024 Februari Petok

Јулијан Нагелсман од минатата година е селектор на германската репрезентација со која најголемиот предизвик ќе го има ова лето и тоа на Европското првенство.

Германците се домаќините и со тоа дефинитивно очекувањата се големи и покрај тоа што оваа селекција веќе некое време ги нема посакуваните резултати, а и се мачи на неколку големи настани во низа.

Меѓутоа резултат, успех дефинитивно ќе се бара и за тоа е свесен и самиот Нагелсман кој не гарантира дека ќе ја извршува оваа функција и по престојниот шампионат, односно ќе го дочека новото издание на Лигата на нации во кое Германија за ривали ги доби Холандија, Унгарија и Босна и Херцеговина.

-Сè уште не сум размислувал за тоа. Бидејќи мојот договор завршува по ЕП, па како што сега стојат работите би рекол не. Тоа го кажувам од почетокот на мојот мандат. ЕП во моментов е во фокусот. Потоа ќе видиме дали се уште сум СЕЛЕКТОР. Ако е така, ќе се подготвиме многу добро и ќе се обидеме да го извлечеме максимумот од тоа и да ја освоиме групата (Лигата на нации). Сакаме да одиграме добро ЕУРО. Потоа ќе видиме што ќе се случи понатаму, -подвлече младиот стратег.


1 view

Comments


bottom of page