Навивачите на Лидс го бараат Алиоски назад: Тој е Кафу за Фирпо (Фото)
- Aleksandar Santovski
- Mar 11, 2022
- 1 min read
Екипата на Лидс Јунајтед продолжи да нижи порази во Премиер лигата откако денеска загуби убедливо со 3:0 против Астон Вила.
Вечер за заборав имаше Жуниор Фирпо, фудбалерот кој беше донесен како замена за нашиот Езгјан Алиоски кој си замина од „Еланд Роуд“ по крајот на минатата сезона.
Фирпо кој пристигна од Барселона за сума од 20 милиони евра воопшто не ја оправда довербата, па јасно е дека навивачите го изразија својот револт преку социјалните мрежи.
На социјалната мрежа Твитер името на Алиоски може да се најде во категоријата „трендови“ поради една единствена причина, навивачите на Лидс Јунајтед го бараат назад во тимот.
Еден од навивачите на Лидс напиша дека Алиоски во споредба со Фирпо изгледал како Кафу во неговите најдобри времиња. Друг пак напиша дека би го вратил Алиоски во Лидс, а за тоа би платил 20 милиони фунти плус би го дал Фирпо во спротивен правец.
Којзнае, барањата на навивачите на Лидс можеби ќе го убедат нашиот репрезентативец да се врати на легендарниот стадион каде што се стекна со култен статус.

Comments