top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Навивач на Арсенал заврши во затвор поради Мудрик, Украинецот ја смирува тензијата (Фото)

Френк Лампард призна дека во Челси владее вистински хаос и дека играчите немаат никаква самодоверба, па оттаму не ни чудат ужасните резултати кои ги остварува тимот цела натпреварувачка сезона.

Сепак, изданијата на последните шест меча се посебно загрижувачки и катастрофалната серија продолжи со дерби пораз од Арсенал на „Емирејтс“, натпревар на кој мета на домашните навивачите беше Михаило Мудрик.

Украинецот беше пред преселба во Арсенал во зимскиот преоден рок, но потоа во последен момент се одлучи за Челси и ја прифати богатата понуда на „лондонските сини“.

Поради тоа, навивачите на Арсенал му пееја провокативни песни од трибините за време на вчерашното дерби, но еден фан заврши и во затвор поради тоа што му светеше со ласер во очи.

– По употреба на ласер, полицијата уапси еден наш навивач за време на синоќешниот натпревар. Ова однесување е опасно и целосно неприфатливо, и ние целосно ќе ја поддржиме полицијата во нивната истрага. Очекувано, и ние ќе преземеме најсилна можна акција против вакви постапки, – се вели во соопштението на Арсенал.

За разлика од осудата на самиот клуб, Мудрик ги смирува страстите и тензијата преку социјалните мрежи, порачувајќи дека „Се е во ред“.


1 view

Comments


bottom of page