top of page

Навивач влета на теренот и тргна да му ги бакнува копачките на Меси

Пари Сен Жермен го оправда статусот на фаворит и славеше над Махаби Хаифа со 3-1 на средбата од второто коло во Лигата на шампионите.

Во фокуот на вниманието беше Лионел Меси кој на оваа средба даде гол и забележа асистенција, но воедно наиде на топол пречек на публиката во Израел.

Прва беше реакцијата на децата кога Меси излезе на теренот, а тие го дочекаа со голема насмевна, неверување дека е Аргентинецот и веднаш се пуштија да го прегрнат.

За време на мечот пак еден фан влета на теренот и му скокна во прегратка на Аргентинецот за да потоа и ги бакнува копачките на ѕвездата пред да биде исфрлен од зелениот тепих од страна на обезбедувањето.



 
 
 

Comments


bottom of page