top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Навас испиша историја со настапот во полуфиналето на Лигата на нации

Хезус Навас го заслужи враќањето во шпанскиот национален тим по одличната сезона со Севилја, а вчерашниот настап против Италија му донесе важно место во историјата на шпанскиот фудбал. Ветеранот доби шанса да игра од првата минута во полуфиналето на Лигата на нации, со што стана и највозрасен фудбалер кој го носел дресот на „црвената фурија“. Со 37 години и 206 дена, Навас е број еден на оваа вечна листа, соборувајќи го рекордот на легендарниот Луис Суарез, кој својот последен настап за Шпанија во 1972 година, го имал на возраст од 36 години и 346 дена. Трет на вечната листа е легендарниот голман Антони Рамалец, кој последниот настап за репрезентацијата го имал на возраст од 36 години и 318 дена. Навас дебитираше за „фуријата“ против Аргентина во 2009 година, а против Италија стигна до 47. настап во националниот тим.




1 view

Comments


bottom of page