Набавете го „златното“ парче хартија и навивајте за Македонија во бараж!
Updated: Nov 12, 2021
11.11.2021 Noemvri Cetvrtok
Фудбалската репрезентација на Македонија победи во Ерменија и, по киксот на Романија против Исланд, сама одлучува дали ќе игра бараж за Светското првенство (СП) кое во 2022 година ќе се одржи во Катар.
Уште од пред повеќе од две седмици, Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба влезниците за последниот натпревар меѓу Македонија и Исланд. Интересот е огромен и поради многуте прашања од фановите, еве како до влезница.
„Златното“ парче хартија, односно влезницата за дуелот меѓу Македонија и Исланд се продава преку продажната мрежа на „МК Тикетс“. Билетите се веќе активно во продажба и чинат 150 и 300 денари, за јужната и за северната трибина.
Капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ е ограничен согласно мерките на Владата утврдени за заштита од коронавирусот за присуство на гледачи на трибините. Затоа, побрзајте, набавете го овој билет и бидете дел од обидот да се дојде до фудбалска историја!
Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра в недела со почеток од 18:00 часот.
Comments