На Џејмс му требаат уште 1.458 поени за да стане најдобар стрелец
- Aleksandar Santovski
- Mar 21, 2022
- 1 min read
21.03.2022 Mart Ponedelnik
КОШАРКА – НБА, РЕГУЛАРЕН ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари на денешницата, продолжува да поставува нови рекорди во НБА-лигата, на патот да биде и најголем на сите времиња. Во поразот од Вашингтон (119-127), Џејмс постигна 38 поени и со тоа се искачи на второто место на вечната листа на стрелците во регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата. Со вкупно постигнати 36.929 поени во досегашната кариера, тој го надмина Карл Мелоун на втората позиција по цели 18 години. Сега му недостигаат уште 1.458 коша за да избие на првото место, каде што е Карим Абдул Џабар (38.387 поени). Џејмс пред неколку дена стана и првиот играч во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот со постигнати најмалку 30.000 поени, 10.000 скока и 10.000 асистенции. НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ Карим Абдул Џабар 38.387 Леброн Џејмс 36.929 Карл Мелоун 36.928 Коби Брајант 33.643 Мајкл Џордан 32.292 Дирк Новицки 31.560 Вилт Чембрлен 31.419 Шекил О’Нил 28.596 Кармело Ентони 28.210 Мозес Мелоун 27.409

Comments