На Хали Бери не ѝ е гајле што мислат другите
- Aleksandar Santovski
- Mar 5, 2021
- 1 min read
05.03.2021 mart petok
Оскаровката целосно го прифаќа фактот дека е во своите 50-ти и смета дека најголем плус за една зрела жена е да биде сигурна во својата кожа и да не дозволи да ја вознемирува мислењето на луѓето. Хали (54) изјави за BAZAAR.com: Една од придобивките на стареењето – има многу – но една од нив е што повеќе не ви е гајле за многу работи што претходно ви пречеле. Таа, всушност, го употреби изразот you just start to not give a f*** anymore и потоа се пошегува: „Извинете за мојот француски јазик“. Sвездата на „Џон Вик“ се отвори и за нејзиниот однос кон социјалните мрежи. Хали има 6,8 милиони следачи на „Инстаграм“ и 368.900 фанови на „Твитер“ и таа сака да им ја покаже на луѓето нејзината вистинска личност далеку од црвениот тепих и улогите на филмското платно, нешто што смета дека е ослободувачко. „Да се биде на ‘Инстаграм’, навистина ослободува… Со социјалните мрежи можам да контролирам што луѓето знаат за мене и како тоа го презентирам“, вели таа. „Мислам дека тоа ме поврзува повеќе со сите и тоа е убаво“. „Тие сакаат да видат дека уживате во добар коктел или дека сте насмеана, можете да облечете секси фустан и да се чувствувате добро и може да учествувате во глупави интернет-предизвици и да читате кул книги“. Хали Бери е позната по својот позитивен став кога станува збор за грациозното стареење.


Commentaires