Search
На тренинг на кошаркарите во колички: Работат посветено со желба да ја претставуваат Македонија
15.04.2024 April Ponedelnik
Десетина спортисти во колички тренираат кошарка веќе година дена во салата „Јане Сандански“ во Скопје, со силна посветеност и желба во иднина да ја претставуваат Македонија во репрезентативна конкуренција. Тренерот Саша Димитриевиќ го вади тефтерот со тактиките и почнува двочасовниот тренинг, што се одржува секоја среда и петок.
– Во „Јане Сандански“ ги имаме сите услови за непречено тренирање бидејќи салата е прилагодена за спортисти со инвалидитет. Презадоволен сум од одзивот на луѓето кои доаѓаат и нивната желба за напредок во оваа за нив нова активност – вели Димитриевиќ.
Comments