На Тахити е првото пловечко олимписко село
26.07.2024 juli Petok
Сурферите, жителите и олимписките работници низ Тахити, Француска Полинезија, ги користат последните денови пред почетокот на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз за да се подготват за претстојното натпреварување во сурфање, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Во текот на целата недела, натпреварувачите беа видени како веслаат до светски познатите бранови на Теахупо на Тахити, почнувајќи пред изгрејсонце за да го искористат ексклузивниот пристап до локацијата за тренинг пред натпреварите, планиран да почне следната недела. Деновите за тренинг ќе продолжат во текот на целата недела.
За време на тренинзите во деновите пред почетокот на ЛОИ 2024, натпреварувачите добиваат шанса да се запознаат или да се потсетат на уникатните големи бранови, кои се сметаат за едни од најтешките во светот, пишува АП. Многу од сурферите што се натпреваруваат на ЛОИ 2024 имаат претходно искуство со брановите на Теахупо. Низ Тахити олимписките работници деноноќно работат за да ги завршат олимписките места покрај плажата. Други подготовки за Игрите можеа да се видат на море, вклучувајќи го и првото пловечко олимписко село во кое се сместени некои од натпреварувачите, пишува АП. Н.М.
Comments