top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

На сцената на Националната опера и балет изведба на операта „Кавалерија рустикана“

На сцената на Националната опера и балет на 11 ноември со почеток во 20:00 часот ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи, во која се прикажани трагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата. Операта ќе се изведе под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор: Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Настапуваат солистите: Благица Поп Томова во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Борис Трајанов како Алфио, Николина Јаневска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија, хорот и оркестарот на Националната опера и балет. „Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден денес на светските оперски сцени.


2 views

Comments


bottom of page