Search
На синот Патрик му е преку глава…: Шварценегер го претера, постојано повторува „Ќе се вратам“
19.04.2021 April Ponedelnik
Синот на австриско-американската акциона ѕвезда Арнолд Шварценегер – Патрик призна дека татко му во секоја пригода ја користел својата светски позната реченица од „Терминатор“ – „I’ll be back” (Jaс ќе се вратам).
Помалку познатиот глумец гостуваше во „Шоуто на Кели Кларксон“ и водителката го праша токму за таа навика за татко му.
„Сите ме прашуваат… Постојано го прави тоа!…Ќе тргне накај врата, ќе се сврти и ќе рече – „I’ll be back“! Тато, не зафркавај!“, се потсетува Патрик низ шега и смеа.
Патрик Шварценегер е трето од четирите деца на Арнолд и Марија Шрајвер.
Тој е, исто така, актер и годинава е актуелен со комедијата „Мокси“.
Comments