Search
На саемот на книга: Групни посети на ученици од училиштата
- Aleksandar Santovski
- Apr 26, 2022
- 1 min read
По две години пауза, Саемот на книга повторно ги очекува групните и организирани посети на ученици од средните и основните училишта на државата. Како една од најзначајните манифестации од областа на културата, Саемот нуди богата програма за деца и млади со која најмладите посетители ќе можат да уживаат во светот на книгите.
Електронските билети можат да се купат преку веб страницата www.karti.com.mk кои ќе бидат достапни веќе од (вторник) 26. април, а за времe на Саемот, билети ќе можат да се купат и на билетарницата на Арена Борис Трајковски.
Најголемиот настан за читателите во земјава – Саемот на книга, оваа година ќе се одржи од 3. до 9. мај во Арена „Борис Трајковски” со работно време секој ден од 10 часот до 20 часот.

Comments