top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

На претходните шест турнири имаше шест различни победници

ФУДБАЛ – КУП НА НАЦИИТЕ НА АФРИКА

На 33-то првенство на Африка, во Камерун, ќе настапат 24 репрезентации поделени во шест групи

Во Камерун, од 9 јануари до 6 февруари, ќе се одржува 33. Куп на нациите на Африка (АФКОН) во фудбал, кој беше одложен за една година поради пандемијата на коронавирусот. АФКОН се игра од 1957 година (во Судан) и се одржува секои две години. Првпат по 2010 година, откако беше преместен во непарни години, во 2013-та, АФКОН ќе се игра во истата календарска година како и Светското првенство (СП), наесен во Катар. На првенството ќе настапат 24 репрезентации поделени во шест групи, кои ќе одиграат 52 натпревари. Победникот и второпласираниот тим од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето, како и четирите најдобри третопласирани селекции според вкупниот број бодови во својата група, а дополнителни критериуми се гол-разликата и постигнатите голови.


Натпреварите ќе се играат во пет града, во Лимбе, Дуала, Гаруа, Бафусам и во Јаунде. Групната фаза ќе заврши на 20 јануари, а осминафиналната фаза е три дена подоцна, на 23 јануари. Четвртфиналните натпревари ќе се играат во два дена, на 29 и 30 јануари, а полуфиналињата на 2 и 3 февруари. Финалето е на 6 февруари. На АФКОН ќе настапат и ѕвездите како Мохамед Салах, Садио Мане, Ријад Марез, Едуард Менди, Пјер Емерик-Обамејанг, Себастијан Алер, Калид Кулибали и многу други. Покрај нив гарант за возбудувања и неизвесност е фактот дека на претходните шест турнири имаше шест различни победници.

Титулата од минатото првенство ќе ја брани Алжир, кој пред три години во финалето го совлада Сенегал со 1-0, репрезентацијата од Африка со највисок пласман на ранг-листата на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

ДВОЈКИ, 1. КОЛО

Група А Камерун – Буркина Фасо Етиопија – Зелено’ртски О. Група Б Сенегал – Зимбабве Гвинеја – Малави Група Ц Мароко – Гана Коморос – Габон Група Д Нигерија – Египет Судан – Гвинеја Бисао Група Е Алжир – Сиера Леоне Екваторијална Гвинеја – БСК Група Ф Тунис – Мали Мавританија – Гамбија

ДОСЕГАШНИ ПРВАЦИ

Египет 7 (1957, 1959, 1986, 1998, 2006, 2008, 2010) Камерун 5 (1984, 1988, 2000, 2002, 2017) Гана 4 (1963, 1965, 1978, 1982) Нигерија 3 (1980, 1994, 2013) ДР Конго 2 (1968, 1974) Брегот на СК 2 (1992, 2015) Алжир 2 (1990, 2019) Етиопија 1 (1962) Судан 1 (1970) Конго 1 (1972) Мароко 1 (1976) Ј. Африка 1 (1996) Тунис 1 (2004) Замбија 1 (2012)


2 views

コメント


bottom of page