top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

На повидок ТВ-серија базирана на сагата за Хари Потер

Книгите за малиот волшебник Хари Потер, најверојатно, ќе се адаптираат во ТВ-серија, дознава „Дедлајн“. Книгите од авторката Џ. К. Роулинг најславно ги адпатира „Ворнер брос“ во филмски серијал вреден милијарди долари, во кој Даниел Ретклиф го глуми титуларниот лик на момчето волшебник заедно со Ема Вотсон и Руперт Гринт. А сега филмскиот гигант наводно е во преговори со најпродаваната авторка за да донесе нови адаптации на нејзините романи за својот стриминг-сервис „Ејч-би-о макс“. Според „Дедлајн“, најпродаваната авторка преговара за договор што ќе ѝ овозможи да биде продуцент на серијата, а штом договорот ќе биде финализиран, проектот ќе треба да бара сценарист или писател што ќе ги адаптира книгите за ТВ. Серијата – која наводно е во почетна фаза во моментот – ќе ја следи општата идеја дека секоја сезона ќе се фокусира на еден од седумте романи.



1 view

Comments


bottom of page