top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

На повидок нов документарец за Бритни Спирс

Животот на Бритни Спирс со години е предмет на јавни дискусии, а сега ќе биде тема на нов документарен филм во кој новинарот Мобен Азар се обидува да ја открие вистината зад законскиот договор, кој Бритни ја става под трајно старателство на својот татко Џејми Спирс.

Поради овој договор, Бритни нема никаква контрола над сопствените финансии, сопствениот живот и одлуки во кариерата.

Мобен Азар изјави за новиот документарец: „Отидов во Лос Анџелес во потрага по вистината за тоа како Бритни Спирс, една од најголемите поп-sвезди на планетата, заврши во конзервација (термин што се користи во САД за ваков вид трајно старателство со целосна контрола над нејзиниот живот)“.

Таткото на Бритни беше назначен за траен старател конзерватор во 2008 година откога таа беше хоспитализирана на психијатриско лекување.

„Се најдов во свет на адвокати, суперфанови и папараци и поминав време со многу луѓе што седеле во првиот ред во животот на Бритни. Овој филм ја користи енергијата на движењето #FreeBritney и ги преиспитува забавната индустрија, односот на медиумите кон познатите личности и законите што олеснуваат вакви старателства.

Филмот ќе се емитува на Би-би-си 2 оваа пролет.



2 views

Comments


bottom of page