На „Охридско лето“ вечерва концерт по повод 60 години ФМУ
- Aleksandar Santovski
- Jul 21
- 1 min read
21.07.2026 Juli Vtornik
Во рамки на музичката програма на годинешното 66. Фестивалското издание, вечерва на „Охридско лето“ ќе се одржи „Алумни“ концерт, со што ќе бидат одбележани 60 години од основањето на Факултет за музичка уметност при Универзитетот „Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во прекрасната акустика на катедралната црква „Света Софија“ ќе настапат уметниците Kатерина Костадиновска – Гелебешева, Глигор Гелебешев, Кристина Светиева, Милена Арсовска, Весна Гиновска Илкова, Златко Мадевски, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Надица Ристиќ – Симовиќ, Дарко Багески и Јанинка Навчева.
На програмата се дела од Морлачи, Пуланк, Лист, Лалие, Белини, Верди, Фон Супе, Хачатурјан и Пијацола.
Почетокот на концертот е во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.






Comments