top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

На „Охридско лето“ вечерва концерт на дуото Даниел Роланд и Маја Богдановиќ

13.07.2021 Juli Vtornik

По синоќешното свечено отворање и спектаклот што го донесоа уметниците од Националната опера и балет, музичката фестивалска програма на „Охридско лето“ продолжува вечерва со концертот на уметниците Маја Богдановиќ на виолончело и виолинистот Даниел Роланд.

Холандско-англискиот виолинист Даниел Роланд и српско-француската виолончелистка Маја Богдановиќ ги спојуваат своите неверојатни енергии во исклучително музичко партнерство. Од основањето на нивното дуо во 2018 година тие настапуваат на бројни фестивали во Европа, САД и Јужна Америка освојувајќи ја публиката со нивната страст, нежност и авантуристички конципирана програма, како и со нивната иновативност и прекрасно чувство за меѓусебно надополнување и музичка комуникација. Редовно се гости на холандската радио-телевизија и се особено посветени на проширување на релативно малиот репертоар за оваа комбинација инструменти.

Нивното неодамна издадено ЦД за компанијата „Challenge Records“ вклучува светски премиери и дела од Пендерецки, Солима, Васкс, Нисинман и е одлично примено од музичката критика. Американскиот магазин „American Record Review“ пишува „Исклучително- неверојатно богатство, комплетно уживање“, додека пак дневниот холандски весник „Ханделсблад“ го опишува како „магична средба на виолончелото и виолината“.


1 view

Comentários


bottom of page