top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

На „Оскарите“ ќе има признание за најдобар филм по избор на корисниците на „Твитер“

Фановите ќе може да изберат победник на годинешното доделување на „Оскарире“, без разлика дали филмот е номиниран. Организаторите на церемонијата наводно се согласиле да му оддадат признание на филмот за кој гласале фановите од твитер-заедницата, објави „Холивуд репортер“. Почнувајќи од овој понеделник, корисниците на социјалната мрежа ќе може да гласаат за своите омилени филмови што беа објавени во 2021 година – без разлика дали филмот е номиниран за „Оскар“ – користејќи го хаштагот #OscarsFanFavorite. Филмот што ќе добие најмногу гласови од фановите до 3 март, ќе биде признат во текот на доделувањето на златните статуетки на 27 март.


2 views

Комментарии


bottom of page