На Мундијалот во Катар ќе биде забранет секс меѓу невенчани
Сите оние што планирале добро да се забавуваат на Светското првенство во Катар, што ќе се одржи во декмври годинава, подобро веднаш да заборави на тоа. Остануваат точно пет месеци до почетокот на Мундијалот, а продажбата на билетите оди добро. Иако имаше најави дека Катар ќе замижи пред строгите правила на однесување за време на шампионатот, информациите кои доаѓаат од таа земја не навестуваат дека ќе биде така.
Англискиот портал „Дејли стар“, кој се повикува на извор од локалната полиција, тврди дека казните за оние кои ќе го прекршат законот ќе бидат многу високи. Така за секс надвор од брак може да добиете и до седум години затвор. Освен тоа челниците на Светската фудбалска федерација (ФИФА) предупредија дека правилата важат за сите.
– Сексот е надвор од нашата листа, освен ако не дојдете како маж и жена. На овој турнир дефинитивно нема да има секс за една вечер. Нема да има забави. Секој мора да се контролира ако не сака да ризикува да заврши во затвор. На Светското првенство годинава за прв пат во историјата беше воведена забрана за секс. Навивачите мора да бидат подготвени, цитира полициски извор „Дејли стар“.
За поседување на било каква дрога во Катарсе добива смртна казна. Навивачите можат да бидат казнети и за бакнување на јавно место, а следуваат и седум години затвор за хомосексуалност, бидејќи тоа е забрането во Катар.
Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември во пет градови. Турнирот ќе се одржи за прв пат на Блискиот Исток и воедно е прво Светско првенство во земја со мнозинско муслиманско население.
Comments