На Мајкл Даглас му требало помош да ги сфати филмовите на „Марвел“
- Aleksandar Santovski
- Feb 21, 2023
- 1 min read
Мајкл Даглас сè уште тивко прашува за работи во врска со филмскиот универзум на „Марвел“. Холивудскиот актер не порасна читајќи стрипови и немал поим за Марвеловиот универзум (MCU) додека не стана Хенк Пим во филмот за човекот мравка „Антмен“ во 2015 година. А додека го промовира најновото продолжение Ant-Man and the Wasp: Quantumania, Даглас признава дека му испратиле стрипови за полесно да ја сфати суштината. „И покрај тоа што ми пратија стрипови за да добијам идеја за светот на фантазијата, сепак морав да добијам насоки за да не се чувствувам како идиот“. 78-годишниот актер исто така никогаш не работел на зелен екран пред да го направи своето деби во „Марвел“, но сега е многу полесно. „Она што е уникатно овде е тоа што не го гледате материјалот додека не пристигнете на пробите и ова е системот на Марвел или Марвел Веј. Значи, малку сте во недоумица“, рече тој.


Comments