top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

На кого може Македонија да налета во баражот?

Updated: Nov 16, 2021

15.11.2021 Noemvri Ponedelnik

Македонија ќе игра во баражот за пласман на Светското првенство во Катар в година, откако со синоќешната победа над Исланд од 3-1, го освои второто место во групата Ј.

Во баражот, од европските квалификации, 12 репрезентации ќе се борат за три места во Катар. Познато е дека во доигрувањето покрај Македонија ќе бидат и Португалија, Шкотска, Русија, Шведска, Полска и Велс, како и Чешка и Австрија кои влегуваат преку Лигата на нации.

Преостанатите учесници во баражот ќе бидат познати вечерва и утре, со што се одлучува помеѓу Италија или Швајцарија, Финска или Украина, односно Норвешка или Турција.

Десеттиот учесник ќе биде познат вечерва, тоа ќе биде Италија или Швајцарија, а последните два утре, тоа ќе бидат Финска или Украина, односно Холандија, Норвешка или Турција.

Ждрепката ќе се одржи на 26 ноември, по што 12 репрезентации ќе бидат поделени во три групи, а потоа ќе се игра полуфинале и финале.

Бараж-натпреварите ќе се играат на 24/25 март (полуфинале) и 28/29 март в година (финале).

Пласманот на Мундијалот ФИФА го наградува со 12 милиони евра.


1 view

Comments


bottom of page