top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

На Китино Кале во Кичево ќе се разговара за културата и уметноста

На Китино Кале во Кичево на 28 октомври, со почеток од 12:00 часот ќе се одржи панел дискусијата и DJ перформансот: „Култура и уметност: Елементите во животот“ во организација на Montparnasse, здружението за уметност, култура и креативни индустрии.

На панел дискусијата ќе разговараат модераторот Дарко Јованоски – историчар на уметноста и панелистите: Марија Пејоска – графички дизајнер, дигитален маркетер и професор по англиски и германски јазик, Дарко Белевски – Раководител на одделение за локален економски развој, Општина Кичево и Златко Ѓелески – Писател, филмски критичар, режисер и радиоводител. По разговорот, Александар Станкоски (Aco Sound) и Даниел Блажевски (Spectromanski) ќе бидат артистите кои ќе ги разиграат присутните во едно од најубавите места во Кичево – Китино Кале.

Montparnasse веќе неколку години функционираше како неформална група од Кичево, создавајќи проекти на повеќе локации низ Македонија во кои беа вклучени млади артисти, меѓу кои: Mario Mazzola во село Ехлоец (март 2023), Ivana Ultimusa, Spectromanski и Milan на Охридско Езеро (октомври 2022), Дарко Јованоски, Aco Sound и Spectromanski на планината Илиница, а покрај нив и Андреј Илиевски, Стефан Жупан, Bojan Punisher и Martin Looper имаат издадено свои DJ сетови на youtube каналот на Montparnasse.

Панел дискусијата и DJ перформансот ќе биде првиот организиран настан на Montparnasse откако неодамна станаа здружение кое ќе допринесе во развивањето на свеста за создавање и поддржување на културата и уметноста.


1 view

Comments


bottom of page