top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

На Кевин Харт му понудиле да патува во вселената, но тој одбил

26.07.2021 Juli Ponedelnik

Кевин Харт добил шанса да оди во вселената, но не ја прифатил затоа што сметал дека е премногу ризично. 42-годишниот актер и стендап-комичар откри дека неодамна му понудиле место во шатл до вселената бидејќи сакале да го документираат искуството на селебрити-личност со напуштање на планетата. „Имам нешто да ви кажам, и ова не е шега. Никогаш нема да погодите што ми беше понудено. Ми понудија седиште во шатл за пат до вселената, а понудата дојде бидејќи сакаа да го документираат искуството на славна личност“, откри Кевин во неговата емисија Straight From The Hart. Но, ѕвездата одлучи да не оди и ја одби понудата откако сфати дека бројот на успешни патувања во вселената во споредба со неуспешните е „премногу близу“ за негов вкус. Кевин би размислил за таква авантура кога ќе биде постар, но не сака да ризикува да ги остави своите деца зад себе. Тој ги има Хевен (16) и Хендрикс (13) со неговата поранешна сопруга Тори Харт, тригодишниот Кензо и деветмесечната Каори со сегашната сопруга Енико Харт.



2 views

Comments


bottom of page