На иста страна на ждрепката се Германија, Португалија, Шпанија, Данска, Франција…
27.06.2024 juni Cetvrtok
ФУДБАЛ – ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ГЕРМАНИЈА
Австрија, предводена од селекторот Ралф Рангник, ја преобликува ждрепката на Европското првенство што се игра во Германија со тоа што го освои првото место во својата група, во која беа и Франција, Холандија и Полска, пишува британски „Индепендент“. Тие сега како победници во групата се упатуваат кон Лајпциг, за мечот од осминафиналето со второпласираната селекција од групата Ф.Првото место на Австрија е историски подвиг, откако по Светското првенство во 1978 година, кога со головите на Ханс Кранкл таа селекција обезбеди да биде прва во групата пред Бразил, Австрија не беше прва во група на фудбалските турнири, а Рангник има уште еден триумф – Австрија направи пресврт за победа на дуелот со Полска, а на мечот со Холандија секој пат кога ривалот постигнуваше гол, тие имаа одговор, за победа со 3-2, пишува „Индепендент“.Со ваквиот расплет во групата Д, на иста страна во ждрепката сега се домаќинот Германија, европскиот првак од 2016 година, Португалија, победникот на Лигата на нации за 2023 година, Шпанија, полуфиналистот на ЕП 2020, Данска, актуелниот светски вицешампион Франција, како и второпласираната репрезентација од групата Е (Романија, Белгија, Словачка или Украина) и третопласирана селекција од групите Е или Ф и А или Ц. Тоа значи дека една од овие осум репрезентации ќе настапи во финалето.На другата страна на ждрепката, каде што ќе игра Австрија како победник на групата Д, се на пример најдобрите две репрезентации од минатото ЕП, играно во 2020 година, европскиот првак Италија и континенталниот вицешампион Англија, потоа Швајцарија, победникот на групата Е (Романија, Белгија, Словачка или Украина), второпласираната селекција од групата Ф (Турција или Чешка), третопласираната од групите Ц или Д, како и од Д или Е. Една од овие осум репрезентации ќе игра во мечот за трофејот за европскиот првак.По заокружувањето на групната фаза вчера со натпреварите во групите Е и Ф, денеска и утре се слободни денови на ЕП 2024, а од сабота почнуваат дуелите во осминафиналето. По средбите во вторникот познати беа само две двојки, и тоа Швајцарија – Италија и Германија – Данска (двете се играат в сабота). Н.М.ОСМИНАФИНАЛЕ
1. Швајцарија – Италија сабота, 18 ч.2. Германија – Данска сабота, 21 ч.3. Англија – 3Д, 3Е или 3Ф недела, 18 ч.4. Шпанија – 3А, 3Д, 3Е или 3Ф недела, 21 ч.5. Франција – второпласиран Е понеделник, 18 ч.6. Португалија – 3А, 3Б или 3Ц понеделник, 21 ч.7. Победник Е – 3А, 3Б, 3Ц или 3Д вторник, 18 ч.8. Австрија – второпласиран Ф вторник, 21 ч.
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕА. Победник 4 – победник 2 5 јулиБ. Победник 6 – победник 5 5 јулиВ. Победник 7 – победник 8 6 јулиГ. Победник 3 – победник 1 6 јули
ПОЛУФИНАЛЕПобедник А – победник Б 9 јулиПобедник В – победник Г 10 јули
Comments